„Шанса за Центар“ бара привремена забрана за градење на зградите кај Холидеј ин

by fokus

ОЈО, Владата и општина Центар не преземаат ништо за сопирање на потенцијално нелегалната градба пред Холидеј ин, реагираат денеска од „Шанса за Центар“.

Справувањето со урбаниот хаос не е само изборен слоган, ниту садење цвеќиња, туку е вистинска
борба! Ги изневеривте граѓаните уште во првиот месец по изборите и очигледно немате намера за бескомпромисна заштита на нашиот простор за живеење – ниту пак, за пркос и санкционирање кон сите што ја загрозуваат и деградираат нашата општина, велат од „Шанса за Центар“.

Тие бараат да се преземат следните чекори:

Го повикуваме OJO конечно да постапи по преставката од ДКСК во врска со нелегалното носење на ДУПот. ОЈО седум месеци не постапува по предметот – исто како што премолчено го одобрува и дивото градење кај „Беко“ на очиглед на полициската станица Центар. Јавното обвинителство треба да се бори против криминалот , а не да е негов нем поддржувач.

Градоначалникот на општина Центар мора да издаде привремена забрана за градење, се додека ОЈО не го расчисти случајот. Воедно тој може да ги врати уплатените комуналии за овој објект на инвеститорот, а кои се уште стојат резервирани на сметка на Општината токму со намена да бидат вратени доколку тоа е потребно. Сето ова е можно, но вистинското прашање е дали се сака!

Градоначалникот да се зафати серозионо со обврската за суспензија, како законска можност за
ревизија на останатите две парцели од Холидеј ин, кои секако ќе се изградат ако не се реагира.
Одговорноста за затнувањето на Градот ќе биде само негова! ШЦ во Советот на Општината ќе
иницира запирање на реализацијата на незаконските урбанистички планови донесени во 2012,
во време кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ, и кога не се почитуваа основните начела
за јавен интерес и хумано планирање.

Поврзани новости