Шампионски на E-Commerce наградите – Ananas со дури седум награди

by Фокус

Ние сме убедливи победници на e-Commerce 2023 наградите – со дури седум освоени награди.

Популарниот „шопинг мол, ā на нет”, Ananas, кој веќе го користат огромен број на купувачи во Македонија, на овогодинешните награди на E-Commerce асоцијацијата, сме прогласени за најдобри во пет категории, а дополнително освоивме и една сребрена и една бронзена плакета.

По гласањето од корисниците кое траеше речиси еден месец, својот став го даде и стручното жири составено од 12 етаблирани професионалци во различни области поврзани со E-commerce индустријата – од универзитетски професори до маркетинг експерти.

Гласањето на корисниците се одвиваше онлајн, додека гала манифестацијата и прогласувањето на конечните победници се одржа во хотелот DoubleTree by Hilton, во Скопје.

Убедливи шампиони на 2023 e-commerce наградите

Корисниците и жирито гласаа во вкупно 24 различни категории на e-commerce наградите.

Бевме номинирани и се натпреварувавме во вкупно девет категории, а победивме во дури пет категории – Најдобра новоотворена е-продавница, Е-продавница за различни производи, Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми и Маркетплејс платформа на годината.

Исто така се закитивме и со најпрестижната награда и бевме прогласени за Е-трговец на годината.

„Поставивме високи цели и стандарди од првиот ден на нашето работење. Горд сум што за толку кратко време успеавме да ги исполниме целите, а нашата работа е препознаена.

Сè уште сме на почетокот и Ananas допрва ќе ја менува и обликува онлајн шопинг индустријата кај нас. Им благодарам на сите кои гласаа за нас – со сигурност ќе ја оправдаме довербата и високите очекувања“ – изјави Денис Ампов, Директор на Ananas за Македонија. 

ПР Текст

Поврзани новости