464
Европскиот и македонски шампион Вардар попладнево загуби во полуфиналето од Лигата на шампионите против француски Монпелје. Крајниот резултат беше 27-28.
Францускиот тим во текот на целиот натпревар го контролираше резулатот и имаше водство од два до три гола. Во последните минути Вардар успеа да се врати и имаше напад за израмнување, но не постигна гол.
Вардар утре во натпреварот за третото место ќе игра против ПСЖ.