716
Логото на руската нафтена компанија Газпром ќе биде отстрането од дресовите на германскиот фудбалски клуб Шалке, како реакција на денешната воена интервенција на Русија во Украина.
Шалке соопшти дека логото на Газпром ќе биде заменето со натпис со името на клубот „Шалке 04′, во контекст на „неодамнешните случувања“.
Газпром е спонзор на Шалке веќе 15 години, а утрово и претседателот на компанијата Матијас Вамиг го напушти Управниот одбор на германскиот второлигаш, по воведувањето на најновите американски санкции.
Германскиот весник „Билд“ претходно го прекри логото на Газпром на дресовите на Шалке со порака „Слобода за Украина“, протестирајќи поради руската инвазија.