497
Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг денеска во Софија изјави дека Виена се надева дека преговорите со Албанија и Република Северна Македонија за нивното европско членство ќе започнат во јуни.
Шаленберг додаде дека не треба да се дозволи „поинаков начин на живот“ во регионот на Западен Балкан.
– Руските интереси не се протегаат само на Украина, туку и на земјите од Западен Балкан, предупреди тој во Софија.
Шаленберг имаше средба во Софија со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на која станало збор и за геополитичката ситуација по руската инвазија