Шаќири: Зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие

by Fokus

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири излезе со реакција откако СОНК одлучи да продолжи со штрајкот во основните и средните училишта.

„Во интерес на учениците и непречен воспитно образовен процес, како и во интерес на наставниците и унапредување на нивниот општествено материјален статус, во текот на вчерашниот ден постигнавме согласност со СОНК , која од претставници на социјалните партнери, а во присуство на највисокото раководство на Европската конфедерација за синдикати за образование, беше соопштена пред целата јавност: 12% повисоки плати во образованието од месец јули, заедничко утврдување на методологија за раст на платите која би се применила од 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор исто така од следната година. Но, зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие. Одлуката на синдикалното раководство денес е променета и тоа на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта. Министерството за образование и наука цени дека премногу настава е изгубена досега и тоа мора да престане. Доволно голем е јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува“, пишува Шаќири на социјалната мрежа Фејсбук.

 

Поврзани новости