607
На првиот денешен час со физичко присуство среќни беа и децата и наставниците. Ова денеска го изјави министерот за образование, Јетон Шаќири во гостувањето на емисијата на „Емисија 200“.
„Денеска видов ученици од основно образование кои уживаа што се вратија во училишните клупи. Видов и наставници кои исто така беа среќни што се повторно во училиштата. За мене е многу важно сите да бидеме заштитени во рамките на протоколите што ги имаме“, вели Шаќири.