Шаќири: Учебниците во сите училишта во Скопје се доставени

by Fokus

Министерот за образование, Јетон Шаќири денеска информира дека учебниците во сите училишта во Скопје сите се доставени. Стигнати се и учебниците за шесто одделение во текот на деновите.

-Ви благодарам за разбирањето. Поразлични сме од претходната година. Кажавме дека ќе бидат доставени до крајот на септември и почетокот на октомври, но заради технички проблеми ги доставуваме овој период. Не стигнавме тогаш, но ме радува што доставата заврши, рече Шаќири пред присутните новинари.

Министерот посочи дека кога стигнуваат навремено образовните програми, се стигнува и на време со учебниците.

-Требаше да се работи на графичка-техничка регулација за одредени учебници. Кај некои, авторите бараа за некои делови да се корегираат, истакна Шаќири.

Посочи дека немаат проблем со економскиот оператор и исто така ќе биде и наредната година и дека печатењето на учебниците може да почне во секој момент кога ќе се достават барањата.

Поврзани новости