494
На вториот ден од изборната кампања, Социјалдемократите организираа митинг во населбата Аеродром во Скопје.
Во моментов присутните ги забавуваат музичарот Златко Ориѓански и Бени Шаќири.
-Нема правда нема мир! Сакам да сум свој, одбивам да бидам број – е дел од рефренот на новата песна на Бени и Нон Стоп, која ја запеа пред публиката.
“Одиме на победа другари”- порача Шаќири на крајот од настапот.