На два месеца пред крај на првото полугодие, дел од шестодделенците во земјава сè уште се без учебници.
Одговорност за доцнењето нема да има, но ќе има оставка на директорот за Биро и развој на образованието доколку новата програма за седмо одделение не стигне до крајот на месец ноември – се закани министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
„Ако до крајот на месец ноември не бидат изработени, доставени и испечатени учебници за наредна година, навистина тогаш треба да има одговорност, заради тоа што имаме осум месеци за изработка, печатење, за корекција и ревизија за сите учебници“, рече Шаќири.
Дел од училиштата иако ги добиле учебниците се уште не им ги доставиле на учениците, информира Шаќири.
„Учебникот по природни науки, математика и македонски јазик, графичко технички и постапките за печатење се сите завршени и овие постапки треба да бидат завршени и доставени до основите училишта. Затоа дискусијата сега е само за едно одделение и дискусијата сега е во дел на училиштата“, вели министерот за образование и наука.
Претходно, тој даде рок до почеток на октомври да има целосна достава на сите учебници во училишта.