Се прават сите подготовки на 1 септември навремено да бидат доставени учебниците. Ова денеска го изјави министерот за озбразование и наука, Јетон Шаќири.
Тој на новинарско прашање, зошто се доцни со изготвување на програмите за шесто одделение, рече дека наставните програми за шесто одделение се доставени навреме во март до МОН, анекои од предметите и во април.
„Но, исто така некои од наставните програми за трето одделение се доставени во ноември минатата година. За трето одделение сме во напредна фаза, а за шесто ќе се обидеме да го стигнеме 1 септември. Се прават сите подготовки на 1 септември навремено да бидат доставени учебниците. Што се однесува за предметот географија за седмо и за деветто одделение мислам дека системот веќе се отвори и веќе за сите предмети кои ќе имаат барања од страна на училиштата ние ќе доставиме учебници“ – рече Шаќири.
Министерот соопшти дека во тек е крупна реформа во основното образование, каде етапно се изработуваат нови наставни програми, нови учебници по сите предмети. Посочи дека интегрираат предмети за, како што рече, да можат учениците полесно и преку повеќе аспекти да ја совладуваат нивната материја.
Зеќирија Хасипи – директорот на Бирото за развој на образование рече дека не чувствува одговорност за доцнењето на учебниците, поради тоа што голем дел од учениците добија учебници на неколку недели пред крајот на учебната година 2022/2023.
„Откако се изработени работните групи повторно сме ангажирале и второстепена комисија за разгледување евентуални пропусти. Откако сме ја изработиле конечната верзија, тогаш сме ја доставиле, можеби не сите програми одеднаш, но поедничено, по една, два програми до Министерството за образование и наука (МОН). Мислам дека во средина на март ги доставивме програмите. Ако постапката за печатење за учебници оди по сите прописи, жалбени постапки, мислам дека во септември ќе има учебници“ – рече Хасипи.