Шаќири разрешена бидејќи водела дисциплинска постапка за време на избори

Водела и завршила дисциплинска постапка против вработени во време на изборен процес

by fokus

Нора Шаќири е разрешена од позицијата в.д. директор на Театар Комедија бидејќи водела и завршила дисциплинска постапка против вработени во време на изборен процес, велат од Министерството за култура за „Фокус“.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, донесе одлука за престанок на мандатот на в.д. директорката на НУ Театар Комедија-Скопје, Нора Шаќири Марковиќ, по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд.

Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес, велат од Министерството.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со Шаќири, но таа не одговара на телефонските повици.

За нов в.д. директор на НУ Театар Комедија е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот.

К.С.Б.

Поврзани новости