Движењето “Одлучно за промени„ на ЛДП и ДОМ вчера одржа предизборен митинг во Чаир и најави повеќе зеленило во општината и градот Скопје, како и борба против непланската урбанизација и бетонизација на градот.
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Арбен Шаќири порача дека ќе биде градоначалник за сите граѓани, без никакви поделби.
„Лично ви ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на градот Скопје, без разлика на нивната етничка, верска и било која друга припадност, а особено партиска, затоа што мене партиските припадности најмалку ме интересираат. Дали ќе ми се обратат граѓани од ДУИ, од СДСМ, од ВМРО, а зошто да не и од ДОМ и од ЛДП, јас ќе бидам градоначалник кој што ќе ги прими, сослуша и максимално ќе се посвети на реализација и на решавање на проблемите на граѓаните“, рече Шаќири.