Шаќири: Освен учебникот по историја и општество за петто и шесто одделение, сите други учебници се доставени навреме до учениците

by Fokus

Министерот за образование Јетон Шаќири во емисијата 24 анализа рече дека учебниците за основното образование се доставени во рекордна бројка. Вкупно 1 350 000 учебници, се доставени до сите ученици во основното и средно образование.

„Што се однесува до учебниците кои беа предвидени со новите наставни програми, односно со новата реформа во образованието која оди во контиунитет. Оваа учебна година имавме нови учебници според новите учебни програми за трето и шесто одделение. За сите одделенија од прво до девето и новите реформи учебниците се поврзуваат со новите програми.

Учебниците од трето од тоа што постапките се доставија од Бирото во ноември 2021, сите учебници ги изработивме и доставивме до 1 септември. Учебниците од шесто, бидејќи програмите стигнаа во февруари и март годинава до Минитерството за образование и наука, сите учебници освен од историја и општество се доставени до сите ученици. Една од поважните одлуки за мене како министер е децата да не се без матерјал.

Предметот историја и општетство од петто одделени беше предмет за кој јавноста имаше многу забелешки и тогаш беше формирана комисија која одлучи учебникот да се повлече. МОН формираше авторски тим кој го подготви учебникот и за истиот имаме постапки за добивање на рецензија“, рече Шаќири.

Поврзани новости