Шаќири: Ме разрешија поради брат ми

by fokus

Екс-директорката на театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ смета дека е разрешена од директорката функција поради кандидатурата на нејзиниот брат Бени Шаќири на локалните избори за градоначалник на Скопје, како кандидат на ЛДП.

-Бени не го сврти грбот на СДСМ. Ниту јас, ниту тој не сме членови на пртијата. Ова е реваншизам. По моја слободна проценка и тоа што кружи во јавноста, доставена ми е „фактурата поради кандидатурата на брат ми и јас со задоволство го прифатив тоа“, вели Шаќири.

Таа објасни дека била разрешена од Министерството за култура по анонимна пријава за мобинг.

– Анонимниот точно ја раскажал целата приказна. Точно е дека водев три дисциплински постапки согласно законот. Спорната постапка е дека човекот кој беше казнет беше три дена отсутен од работа, немаше денови за користеше и беше на одмор. Требаше да му дадам отказ, но комисијата реши да биде казнет со 30% од платата на шест месеци. Едната постапка е се уште во тек зошто човекот се жалеше и управниот одбор ќе донесе некаква одлука, вели Шаќири.

Поврзани новости