Шаќири: Ќе направам се за Шилегов да не биде повеќе градоначалник на Скопје!

by Fokus

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Арбен Бени Шаќири во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 упати силни критики кон актуелниот градоначалник на градот, Петре Шилегов.

Шаќири се пожали дека во градот нема доволно зеленило и ќе стори се што е во негова можност да победи на локалните избори.

„Многу малку има зеленило во Скопје. Се повеќе зелени парцели се претвораат во градежни парцели. Актуелниот градоначалник мора да си замине. Ќе сторам се, што е во рамките на легалното да Шилегов не биде повеќе градоначалник и да покажам дека има луѓе кои си го сакаат овој град. Јас го сакам Скопје“, истакна Шаќири.

Поврзани новости