-Да најдеме секаков друг начин на притисок, но штрајк без настава за децата, не треба никогаш да се помисли“, изјави министерот за образование јетон Шаќири на ТВ21.
Независниот синдикат за образование и наука најавува штрајк, поради како што велат, непочитувањето на одредбите од Колективниот договор и ниските плати.
Министерот вели дека се сретнал со СОНК, а дека ќе има и средба со Независниот синдикат и дека ќе се бараат решенија. Тој рече дека ги поддржува наставниците во нивните барања за повисоки плати.
-Со новите проценти ќе стигнуваат повеќе од таа вредност, ќе стигнуваат повеќе од 35.000, 36.000, но секогаш ќе ги поддржуивам наставниците, никогаш не е доволно и треба да имаат повисоки плати. Но, се не може да се постигне во една календарска година, изјави Шаќири.
Министерот додава дека веќе се покачени платие на вработените во образованието и дека уште ќе се покачуваат.
-Во период од една година, 18,4 проценти се постигнаа, ние продолжуваме и овој септември, со општиот колективен договор да добијат 10 проценти, изјави Шаќири.
Од Независниот синдикат за образование и наука велат дека вработените во основното образование добиваат потпросечни плати, како причина од непочитувањето и неспроведувањето на одредбите од колективниот договор.
Од СОНК нема поддршка за штрајк. Ставот на синдикатот е дека нема услови за штрајк бидејќи во моментов течат преговори за зголемување на платите во образованието и се финализира потпишување на нов Колективен договор. Од СОНК велат дека Колективниот договор се почитува.