Шаќири: Дали исполнувам услови за директор на МКЦ ќе решава комисија

by fokus

Рок музичарот Арбен Бени Шаќири откако претходно во текот на денот не сакаше да го коментира писмото кое група ументици го испратија до премиерот Зоран Заев, а со кое се против назначување на Бени за директор за МКЦ, попладнево во изјава за 1ТВ рече дека за тоа дали ги исполнува условите за директор ќе одлучува комисија.

-Не е тајна дека сум конкурирал. Тоа е отворен конкурс по кој комисија решава дали некој ги исполнува условите или не. Реакциите не ги коментирам бидејќи и порано, а и кога се борев против груевизмот, јас се залагав за слобода на говор и за слобода на мислење. И се уште се залагам за тоа и немам коментар на реакциите…дали исполнувам услови, ќе решава комисија, вели Шаќири.

Поврзани новости