Шаќири: Бевме блиску до решение!

by Fokus

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во емисијата Вин-Вин на Телма рече дека во разговорите со СОНК биле блиску до решение, но СОНК во последен момент ја променил својата одлука.

„Ние бевме блиску до решение. На последниот состанок со претставничката на Европската конфедерација на образовни синдикати, се договоривме, па потоа СОНК ја промени својата одлука. Во оваа ситуација очекував во добар разговор помеѓу двете страни, и тоа го кажувам јавно дека тој разговор ние ќе треба да го продолжиме понатаму, како социјални партнери во разговорот не треба да застануваме тука. Ова е еден дел и една дискусија која за многу брзо време се случија многу работи“, изјави Шаќири.

Поврзани новости