Шаќири: Барањата на матурантите ќе бидат прифатени, но не сите!

by Fokus

„До крајот на неделава или на почетокот на идната ќе имаме конкретен одговор кој ќе биде во насока на тоа што има законска основа и што може да се прифати. Се друго што не може да се прифати и за што се потребни законски измени, не можеме таквите барања да ги разгледаме во овој период“ рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири во однос на барањата на дел од матурантите за скратување на материјалот за полагање на државната матура.

Тој соопшти дека за нивните барања денеска имал средба со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) и нагласи дека МОН поддржува се што има законска основа.

„Дел од ученичкиот сојуз е во редовна комуникација со ДИЦ во изминатата година и тие се известени за се што треба да се реализира на државната матура. Но пак, по барањето на средношколците денеска имав средба со ДИЦ и ќе имаме конкретен одговор за нивните барања“ – рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на првата група студентки од иницијативата „Global Engineer Girls North Macedonia“.

Шаќири денеска имал состанок и со претседатели и претставници на студентски сојузи од универзитетите за да разговара за нивните барања.

„Позитивна вест е што од оваа година обезбедивме буџетски средства за сите студенти што добиваат стипендија во истата категорија со анекс да ги усогласиме разликите во вредностите“ – рече Шаќири и додаде дека се договориле да ги разгледаат сите правни можности за претходната година дали може со анексот ретроактивно да се интервенира.

Во врска со субвенционираниот студентски оброк, министерот рече дека ова право почнало системски да се решава и дека овој месец исплатата ќе биде побрза од претходните месеци.

„Ни треба законска основа за да се реализира од први до петти. Веќе има доставен предлог од група пратеници, во процедура во Собрание е, и тука влегува повисока вредност на оброкот од сегашната, но исто така и системско решение што треба да почне од новата академска година. По поминување на законот, кој очекувам да го поддржат сите пратеници во Парламентот, ќе има и системско решение и поголема вредност на студентскиот оброк“ – додаде Шаќири.

Поврзани новости