Шахпаска: Во градинките има само 20 позитивни случаи, но меѓу нив нема деца

by Фокус

Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска денеска истакна дека состојбата во градинките е стабилна.

Последниот извештај, како што вели, покажал дека има само 20 позитивни случаи на корона-вирусот од воспитувачите, негувателите и другите вработени, но не и на позитивни деца.

-Ние како дел од кризниот штаб секој понеделник поднесуваме извештај до владиниот кризен штаб во врска со состојбата за позитивни на коронавирус, како воспитувачи и негуватели така и за број на дечиња. Последниот извештај говори дека пандемијата е сведена на минумим што се однесува на објектите за сместување на деца во предучилишна возраст, односно во градинките и во дневните центри. Поледната бројка беше дека има 20 позитивни воспитувачи односно вработени, а немаше деца позитивни на коронавирус – рече Шахпаска.

Поврзани новости