Шахпаска кон воспитувачките во градинките: Да нема групирања за пиење на кафе!

by Fokus

Утрово почнаа со работа установите за згрижување и воспитување на децата согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со КОВИД – 19. Сите установи во земјава согласно протоколите имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

По тој повод, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, беше во посета на градинката „Буба Мара“ во Општина Аеродром, каде надлежните ја информирале дека денот успешно започнал, децата дошле во градинка заедно со своите родители, а при влез биле запазени сите протоколи за заштита од КОВИД – 19.

Таа апелираше воспитувачките и учителките да седат цел ден во својата група, да нема групирање за пиење кафе, за да се заштитат сите од ширење на болеста.

Поврзани новости