Шахпаска: Антикорупциска комисија слободно нека ги испита наводите за евентуален непотизам

by fokus

Откако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја обвини пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска за непотизам, со свој краток став за „Фокус“ се произнесе и самата пратеничка на владејачката партија.

„Мојот маж правно е единец. За сите наводи за евентуален непотизам, адресирам до Антикорупциска комисија да ги испита. Мојот маж Ванчо Шахпаски е син единец на Никола и Невенка“, кратко ни рече Шахпаска.

Опозицијата ја обвини Шахпаска дека си ја вработила сестрата на нејзиниот сопруг во општина Берово и сопругот на золвата во Македонски шуми.

Поврзани новости