Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД, продолжува со настапите на Европскиот Клупски Куп, кој оваа година се одржува од 11 до 18.10.2018 година во Порто Карас, Грција.
Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион! Турнирот се одржа 06-12.11.2016 во Нови Сад, Србија. ШК Алкалоид ја освои титулата со 12 бодови во седум мечеви (пет победи и два нерешени меча, без пораз!). Европското клупско злато е освоено во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање.
Во 2017 година ШК Алкалоид продолжи со успешен настап на Европскиот Клупски Куп и во Анталија, Турција 07-15.10.2017 година, го освои второто место, вице-шампионската позиција. Исклучителен екипен резултат со освоени 11 бода (пет победи, еден нерешен меч и еден пораз).Успехот беше уште поголем имајќи предвид дека беше комплетиран со четири златни и еден сребрен медал за индивидуални резултати по табли: DingLirenсребро на прва табла, DmitryAndreikin злато на трета, YuYangyi злато на четврта,DmitryJakovenko злато на петта иYuriyKryvoruchko злато на шеста табла.
Во 2018 година боите на клубот продолжуваат да ги бранат стандардните 6 врвни светски велемајстори од Кина, Русија и Украина, заедно со двајцата најдобри македонски играчи: DingLiren, YuYangyi, DmitryJakovenko, DmitryAndreikin, EljanovPavel, YuriyKryvoruchko, Трајко Недев и Филип Панчевски. Капитен на екипата е Драгољуб Јаќимовиќ.Со тоа на одличен начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години.Редоследот на играчите е според моменталниот рејтинг, а конкретниот распоред по табли официјално се објавува на самиот почеток на натпреварите.
Вообичаено, конкуренцијата е многу силна: Odlar Yurdy–Азербејџан (минатата година освоија бронзен медал) AVE NovyBor – Чешка, Mednyi Vsadnik St. Petersburg. За одбележување е учеството на светскиот шампион, норвешката спортска звездаВелемајсторот Магнус Карлсен – во составот на Valerenga Sjakklubb.