631
Друштвото за услуги „Секјурити груп ервис ДООЕЛ“ од Скопје е избранo за најповолен понудувач на тендерот што го објави Агенцијата за електронски комуникации за услуги за обезбедување имот и лица, објави порталот Макфакс.
Станува збор за двегодишен договор за обезбедување, а СГС понудила најниска цена.
Во техничката спецификација пишува дека СГС за тој износ треба да ги обезбедува дирекцијата на АЕК во Скопје и контролно-мерните центри во Битола, Штип и на Зајчев Рид со 24 часа физичко обезбедување и видеонадзор со 20 извршители.