58
Актуелната шампионка на Ролан Гарос, полската тенисерка, Ига Сфјонтек денеска се пласираше во полуфиналето на парискиот Грен слем турнир, откако по два сета (6-0 и 6-2) ја совлада шестопласираната тенисерка во светот, Маркета Вондроусова од Чешка.
Светската тенисерка број еден победи по само 62 минути игра.
Таа петпати и го одзеде сервисот на чешката тенисерка, која не успеа да направи ниту еден брејк.
Сфјонтек во полуфиналето ќе игра против третопласираната тенисерка во светот Американката Коко Гоф.
Гоф во четвртфиналето ја победи Унс Џабур од Тунис со 4:6, 6:2 и 6:3.
A 2022 final rematch: Coco vs. Iga#RolandGarros pic.twitter.com/2FOirtiofx
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 4, 2024