Фетаи: Правда да даде конкретен одговор околу екстрадицијата на обвинетите во „Монструм“

by fokus

На денешното рочиште за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, во 2012 година, треба да се презентираат СМС пораки поврзани со случајот.

Пред почетокот на главната расправа, обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да се обрати до Министерството за правда за добивање на конкретни одговори околу екстардицијата на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се засолнети во Косово.

-Доколку може да добиеме конкретен одговор од Министерството за правда дали воопшто е започната постапка за екстрадиција и дали нешто преземаат косовските власти. Сите досега добиени одговори беа исти, постапката е во тек, рече обвинителката Фетаи.

Таа додаде дека за неколку месеци може да се очекува и конечна одлука за случајот и затоа е неприфатливо да се добива ваков штур одговор.

Родителите на убиените момчиња побараа и средба со министерката за правда, Рената Дескоска.

В.В.

Поврзани новости