Севилја и Виљареал заинтересирани за Столе Димитриевски

by Fokus

Столе Димитриевски – македонскиот репрезентативен голман, првата опција на голот на шпански Рајо Ваљекано е интересен за екипите на Севилја и Виљареал, пренесува фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо.

Според него, двата клуба од Ла Лига сакаат да го ангажираат Димитриевски како слободен играч затоа што актуелниот договор на 29-годишниот чувар на мрежата од Куманово истекува летото 2024 година.

Димитриевски сезонава бранеше на 13 натпревари во првата шпанска лига, прими 17 гола и шестпати ја зачува чиста својата мрежа.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Димитриевски на 4 милиони евра.

Поврзани новости