447
Актуелниот украински претседател Петро Порошенко, кој од денеска е и официјално кандидат за претстојните претседателски избори, изјави дека „Русија се обиде да го блокира влезот на Република Северна Македонија во НАТО, но Македонија тоа го надмина покажувајќи единство“.
-Патот на Република Северна Македонија беше многу тежок, но земјата покажа единство и ги уништи плановите на Русија, која се обидуваше да го оневозможи тој важен чекор кон јакнење на безбедноста на Европа. И вратата на НАТО е отворена за 30-та членка, истакна Порошенко.