356
Северна Кореја денес ги обвини Соединетите американски држави(САД) дека го нарушуваат нивниот воздушен простор со извршување на извидувачки летови, поради што Пјонгјанг предупреди дека овие авиони може да бидат соборени, пренесе Ројтерс.
„Провокативните воени акции на САД го доведоа Корејскиот Полуостров чекор поблиску до нуклеарен конфликт“, изјави неименуван портпарол на Министерството за национална одбрана на Северна Кореја, пренесе новинската агенција КЦНА.
Во соопштението се наведува дека, покрај американските извидувачки авиони и беспилотни летала, Вашингтон ги зголемува тензиите со испраќање нуклеарни подморници во близина на полуостровот.