Северна Кореја се подготвува за седмата нуклеарна проба, прва по пет години

by fokus

Тестирањето на нуклеарна експлозивна направа, очигледно е подготвка на Северна Кореја за седмата нуклеарна проба, соопштија денеска јужнокорејските власти.

-Не веруваме дека тестот ќе биде изведен во следните ден или два, но секако би можело да следи после тоа, изјави за новинарите Ким Тае-Хјо, прв заменик директор на јужнокорејската канцеларија за национална безбедност.

Според јужнокорејската агенција Јонхап, се верува дека Северна Кореја се подготвува за првата нуклеарна проба по речиси пет години, на полигонот за нуклеарни проби Пунџ-ри.

Северна Кореја претходно денеска лансираше три балистички ракети, од кои едната веројатно е новата интерконтинентална Хвасонг-17.

Поврзани новости