Северна Кореја објави фотографии од вселената направени со најмоќниот проектил

by fokus

Северна Кореја објави фотографии за кои тврди дека се направени од нејзиното лансирање на најмоќната ракета во последните пет години. Невообичаени снимки направени од вселената покажуваат делови од Корејскиот полуостров и околните области, а Пјонгјанг потврди дека ја тестирал балистичката ракета со среден дострел Хвасонг-12 (IRBM).

Може да патува илјадници милји со полна моќ, ставајќи ги областите како американската територија Гуам на ударна оддалеченост. Само во изминатиот месец Северна Кореја изврши рекорден број од седум лансирања на проектили, што беше остро осудено од САД, Јужна Кореја, Јапонија и други земји.

ОН и забранија на Северна Кореја да тестира балистичко и нуклеарно оружје и воведе строги санкции. Јужна Кореја и Јапонија беа првите што го пријавија лансирањето во неделата, откако го открија во нивните противракетни системи.

Oва е првпат Хвасонг-12 да биде лансирана откако Северна Кореја одржа разговори со Соединетите Држави под администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп – што доведе до забавување на ракетната активност.

Последен пат Хвасонг-12 беше тестиран во 2017 година. Откако Ким и Трамп се сретнаа во 2018 година, Северна Кореја објави мораториум за тестирање на нуклеарно оружје и нејзините интерконтинентални балистички ракети со долг дострел. Но, следната година, како што односите се влошија, Ким рече дека декларацијата повеќе не ги обврзува да го сторат тоа.

Поврзани новости