И додека кружат гласини за лошата здравствена состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, државните медиуми јавуваат дека тој им испратил писмо на градежните работници, кои работат на модернизација на градот Самјијон, еден од најамбициозните развојни проекти во Северна Кореја.
Ким наводно им се заблагодарил на работниците, кои работат на изградба на идеален социјалистички град. Во овој град се родил таткото на Ким, Ким Џонг Ил, кој претходно владееше со земјата. Градот ќе претрпи целосен пресврт, ќе добие нови железнички станици, електрични и телекомуникациски инфраструктуи и стотина нови згради.
Самјијон се наоѓа во подножјето на светата планина Паекту, а Ким овде доаѓа често.
Писмото до работниците , како и неговата службена комуникација со странските лидери, малку ја смири ситуацијата за тоа дека се наоѓа на смртна постела. Кина и Јужна Кореја, но и американскиот претседател Доналд Трамп, сметаат дека нема вистина во шпекулациите за Ким.
Се појавија информации дека познатиот воз на Ким е виден во одморалиштето во кое наводно тој се опоравува по кардиоваскуларната процедура. Возот наводно стигнал на 21 април.
Но, Си-ен-ен наведува дека тоа ништо не кажува за здравствената состојба на Ким и дека севернокорејскиот лидер преферира да патува со авион, додека возот го користи како формален начин на патување.