474
Северна Кореја денеска истрела уште четири балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.
Претходно утринава Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една падна недалеку од јужнокорејски територијални води, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја.
Нови ракети беа истрелани во 6:51 часот од две локации во провинцијата Северен Пјонган, соопшти Сеул.
По извршената анализа беше објавено дека станува збор за „балистички ракети со краток дострел“.