468
Абортусот и истополовите бракови станаа законски и во Северна Ирска.
Револуционерните измени се усвоени од Парламентот во Лондон, бидејќи поради скандал од јануари 2017 година британската провинција е без функционална влада.
Во останатите делови на Обединетото Кралство прекин на бременоста е дозволено од 1967 година. Во Северна Ирска абортус е дозволен само во случај кога животот на мајката е загрозен.
Браковите меѓу две лица од ист пол беа легални насекаде во земјата, освен во Северна Ирска.