Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ, која успешно плива во естрадните води повеќе од три децении, и е позната по бурниот живот кој редовно ги полни насловните страници на регионалните медиуми, по подолга пауза си ја отвори душата.
Во опширно интервју за хрватски Нови Лист, таа раскажува за своите стравови, за животните бури, за битката за старателство над синот, за пријателствата…
Интервјуто го започнува со реченицата на Меша Селимовиќ – Бој се овна, бој се говна, а кад ќу живит? Вели дека тоа и е омилен животен цитат, бидејќи во животот се соочила со многу забрани.
-Не смеам да објавувам фотографии од моето дете, не смеам да зборува за ова, не смеам за она, не смеам да праќам пораки на една ,,загрозена единка”… Многу работи ми се забранети, но јас не се давам. Има тешки денови, но има и незаборавно убави денови.
Секоја жена станува конфликтна ако се осмели да ги брани правата на своето дете и самата себе од моќници, а посебно од моќни насилници!
Секоја жена можеш да ја прогласиш за конфликтна, а со самото тоа и за проблематична. Тоа е така посебно во нашите краеви, кога популарна дисциплина на моќните мажи е да поткупат кого треба, чии пријатели ќе се јават кај овој или оној…
Тие типови не сакаат конфликтни жени, тие го растураат шармот над масата, а парите под масата! За разлика од измачените мајки, кои се изложени на долгогодишни отфрлања од страна на институциите кои треба да ги заштитат – вели Северина и додава дека нејзината борба за старателството над синот се уште трае.
Потсетува дека првиот албум го снимила на 17-годишна возраст, во далечната 1989 година, пред војната, а потоа во 1992 година го снимила и вториот.
Вели дека во тоа време не знаела што е корупција, но сега веќе ја почувствувала на своја кожа.
-Го научив тоа на најлош начин, на сопствена кожа. Тоа не ми се допаѓа во Хрватска, толку многу неправди, посебно кон жените. Корупцијата оневозможува праведно функционирање на системот, за време на моите судски битки многу жени беа против мене, значи жената на жена е волчица.
Судските агонии не се зад мене, моите победи доаѓаат споро како полжав, а војната во која бев вовлечена против моја желба, се уште трае. Крајот на таа војна ми е ист како шансите Путин да се повлече од Украина. Јас ќе се борам до крај, и нема да молчам поради страв! – раскажува пејачката.
Додава дека по се што и се случило, не се плаши од стареење и се труди да ужива во времето минато со синот, во патувањата, во неговото растење.
Заедно гледале анимирани филмови, многу разговарале, и со хумор ги надминувале проблемите.
Се подготвувала за концерт во Опатија, работела на нови музички материјали, се трудела да вежба и да се храни здраво.
-Иако знам да готвам, ретко сум во кујната, посебно откако мајка ми дојде да живее со нас. И покрај годините кои ги има и сите болести со кои се соочува, таа сепак е главна во кујната и тоа е нејзина територија на која не смеам да и пријдам.
Сега се подготвувам за настанот во Опатија, уживам со син ми во неговите прашања дали веќе станува тинејџер и како тоа се познава, а неодамна ми рече дека сака да му донесам дома мајмун, да го чува во неговата соба. Мене пак, во животот ми е доста од мајмуни – раскажа Северина за Нови Лист.
Вики Клинчарова