Популарната хрватска пејачка Северина го најави својот солистички концерт во Скопје. Настанот ќе се одржи во Арена Борис Трајковски на 30-ти март наредната година, а подготовките за сценскиот настап веќе биле во тек.
-Таа е најголемата регионална ѕвезда, кралица на сцената која со нејзините настапи веќе долги години ги поместува границите и ги диктира трендовите. Секој нејзин чекор бурно се следи, а изминатиот период е во центарот на вниманието, откако на публиката и го претстави својот нов албум под наслов „Sorry“.
Ништо не е случајно и сѐ се случува тогаш кога треба. Хрватската пејачка активно го подготвува својот голем концерт кој ќе биде во „Арена Борис Трајковски“ на 30-ти март, 2024-та. Во тек се и подготовките на сценскиот настап, а за истото се ангажирани голем број на луѓе. Публиката ќе биде пријатно изненадена затоа што такво шоу досега никој нема видено. – велат организаторите.
Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба по три дена, односно од понеделник, а настанот е дел од нејзината регионална турнеја, петта по ред во кариерата.
Вики Клинчарова