Контроверзниот гасовод Северен тек 2 меѓу Русија и Германија, погоден од мерките по руската инвазија на Украина, е „мртов“ и нема да може да „оживее“, изјави американски официјален претставник.
-Мислам дека „Северен тек 2“ сега е мртов… тоа е големо парче метал на дното на морето и мислам дека нема да може да оживее, рече американскиот државен потсекретар Викторија Нуланд.
Таа рече дека верува оти гасоводот никогаш нема да биде пуштен во употреба.
Соединетите Држави долго време се спротивставија на гасоводот, за кој се залагаа Русија и Германија, велејќи дека го зајакнува капацитетот на Москва да ги користи европските енергетски резерви како геополитичко оружје.
Но, со оглед на тоа што проектот беше речиси целосно завршен и со цел да се избегнат конфронтации со Берлин, американскиот претседател Џо Бајден се откажа од санкциите против неговите главни оператори во 2021 година.
Веднаш по руската инвазија на Украина на 24 февруари, Германија го суспендираше Северен тек 2, кој се уште не започнал со работа, во координација со САД.
Потоа, германско-руски оператор со седиште во Швајцарија ги отпушти сите 106 вработени