Бројот на убиени и ранети севернокорејски војници во Украина најверојатно надмина 3.000, вклучувајќи околу 300 мртви и 2.700 ранети, изјави денеска јужнокорејски пратеник, повикувајќи се на информации од тамошната разузнавачка агенција.
„Се чини дека севернокорејските власти ги повикале своите војници да се самоубијат со кревање во воздух за да избегнат апсење“, рече пратеникот, цитирајќи ја јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС).
Заробените севернокорејски војници не покажале намера да дојдат во Јужна Кореја, иако Јужна Кореја би соработувала со Украина доколку има барање, објави и новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на НИС.
In addition to the first captured soldiers from North Korea, there will undoubtedly be more. It’s only a matter of time before our troops manage to capture others. There should be no doubt left in the world that the Russian army is dependent on military assistance from North… pic.twitter.com/4RyCfUoHoC
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 12, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата објави дека Украина заробила двајца севернокорејски војници во рускиот регион Курск.
Според украинските и западните проценки, околу 11.000 севернокорејски војници се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантираше нивното присуство. Зеленски вели дека руските и севернокорејските сили претрпеле големи загуби.
Вчера тој изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија. Тој објасни дека може да има и други опции за севернокорејските војници кои не сакаат да се вратат дома, „и дека таа можност ќе им се даде на оние кои изразуваат желба да го доближат мирот со ширење на вистината за оваа војна на корејски јазик“.