452
Иако на носилки со Брза помош денес беа пренесени во битолската болница, сестрите Колевски, кои живеат со години во изолација, одбиле да бидат задржани и лекувани. Директорот на битолската болница Зоран Лазаров во телефонски разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека сестрите биле прегледани од психијатар и по нивно барање и настојување пуштени дома.
„Беа комуникативни, не се насилни. Но, одбија понатамошни прегледи и одбија да лежат во болницата или да бидат сместени на друго место одделно. Велат дека доброволно одлучиле така да живеат. По ова се вратија дома“, рече Лазаров.
Телевизија „Телма” попладнево јави дека по налог на битолското обвинителство, полицијата влезе во станот на семејството Колевски на улицата „Димче Лахчански” во Битола.