Сестринските партии ја заведоа ВМРО-ДПМНЕ под Република Северна Македонија

by fokus

Од неодамна на сајтот на Европската народна партија, ВМРО-ДПМНЕ, која е сестреинска партија, е заведена под новото име на државата Република Северна Македонија. Со ова Европското семејство на десничарски партии почна да го употребува новото уставно име, што ќе се користи и на официјални настани и конгреси каде ќе има претставници од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Христијан Мицкоски, пак, нема реакција во врска со оваа промена иако и понатаму опстојуваат на тоа да не го признаваат Договорот од Преспа.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, вчера изјави дека никогаш нема да го употреби името Република Северна Македонија.

-Бидејќи државата сега тие ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме барем јас, држете ме за збор, оти ако во времето ги прекрстувале нашите баби и дедовци, тие не го употребувале никаде тоа презиме, другите ги именувале така ама тие биле спремни да бидат подведени под тортура, зошто ние не би го можеле тоа за да им покажеме дека може кај сакаат да го ставаат името, може по улиците да го ставаат, да го прецртуваат луѓето, меѓутоа тоа зборува за нив, а не за нас. Ние сме наследиле име и имаме обврска вековна да го пренесеме тоа на оние кои што доаѓаат по нас – рече Силјановска Давкова.

Поврзани новости