Сестри од Јапонија на 107 години се најстарите идентични близначки во светот

by fokus

Јапонки се највозрасните идентични близначки во светот. Според Гинисовата книга на рекорди, двете сестри имаат точно 107 години и 351 ден.

Умено Сумијама и Куме Кодама се родени на 5 ноември 1913 година, на островот Шодошима, западна Јапонија, како трета и четврта од 11 деца.

Овој септември, сестрите го соборија претходниот рекорд од 107 години и 175 дена, поставен од славните близначки Кин Нарита и Гин Кание, се наведува во соопштението на Гинисовата книга. Според Министерството за здравство на Јапонија, околу 29 отсто од 125 милиони жители имаат 65 години или повеќе, што ја чини оваа држава – нација со најбрзо стареење. Околу 86.510 од нив се стогодишници. Половина од нив оваа година наполниле 100 години.

Суми и Кодама се разделиле по завршувањето на основното училиште, кога Кодама била испратена да работи како слугинка во Оита, на јужниот јапонски остров Кјушу. Таа подоцна се омажи таму, додека Сумијама останала каде што пораснала и си создала семејство.

Зафатени со сопствениот живот со десетлетија, сестрите ретко се гледале, сѐ до 70 -годишна возраст. Денес живеат во одделни домови за стари лица.

Поврзани новости