Изминаа 12 години од трагичната несреќа кај Нова Градишка во Хрватска, во која животот го загуби македонската поп-легенда Тоше Проески на денешен ден.
Целиот Балкан и Македонија денеска се присетуваат на песните на Тоше, неговите хумани дела и незаборавните концерти кои уште долго ќе се паметат.
Болката за неговата загуба е најголема кај потесниот круг на семејството, а неговата сестра Дора за „Фокус“ вели дека ништо не е исто без Тоше.
„Животот ни застана и воопшто не е полесно. Ќе кажат дека времето лечи се, но за нас нема лек. Многу тешко се живее без Тошки“, кратко ни рече Проеска.
Најтажно денеска е во неговото родно Крушево, каде средношколците од градот, заедно со општината и Локален младински совет Крушево, организираа пречек на маратонците кои од Нова Градишка трчаа во чест на Тоше.
„Рози за Тоше“ е насловен денешниот настан, а розите од граѓаните беа оставени на патот каде што поминуваа маратонците.
Ј.Ц.