Сестрата на пејачката Северина Вучковиќ, Маријана Поповиќ, проговори за кавгата во српски „Блиц“ .
„Јас сум во многу лоша здравствена состојба и имам болки од ударите и повредите со остар предмет. Тоа е последица на тоа што по мојата пријава од пред неколку месеци Центарот за социјална работа и МУП Максимир во Загреб не си ја вршат работата. Доколку мојата пријава и проследените телефонски пораки ги сфатеа како закана за убиство и ѝ изрекоа забрана за приоѓање, до ова немаше да дојде“, тврди Маријана.
„Се надевам дека сега ќе реагираат професионално и според законот, за да не бидат полоши последиците. МУП Загреб, огранокот Максимир и нивните надлежни, за кои знам дека се во пријателски односи со неа, треба да разграничат каде завршува дружењето, а каде почнува работата. Ова е срамно и се извинувам на јавноста што доживува и поминува низ такви вести“, додала таа.
Таа уште еднаш ја обвинила Северина дека „користела опијати“.
„Тешко е за секое потесно и пошироко семејство во кое поединецот долго време консумира разни опијати, а не сака да прифати психолошка поддршка и лекување. Постојано напаѓање на семејството, учителките, социјалните работнички, поранешните партнери… не е нормално однесување“, тврди таа.