Најостро ги осудувам написите во кој се споменува дека јас сум земала некакви пари за самовработување. Јас имам конкурирано единствено на конкурсот за избор на член на Комисијата за хартии од вредност, а никако за отворање на фризерски салон. Незнам за кое лице станува збор, но јас не сум таа што медиумите ја посочуваат, вели Лиле Делиџакова од Гевгелија, сестрата на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева која денеска во одредени медиуми беше посчена дека минатата годiна била прва на листата за добивање средства од Агенцијата за вработување за самофинансирање и отворање на фризерски салон од Гевгелија.
-Јас сум дипломиран економист од 1992 година и досега имам работено како цариник, како вешто лице и како проценител, а последниве 6, 7 години работам во Реплек АД во Одделот за финансии. Мојот жвот и мојот професинален ангажман воопшто не одат во иста насока со тоа што го тврдат медиумите, вели Делиџакова во изјава за МИА.
Попладнево одредени портали тврдеа дека Лилјана Делиџакова, сестрата на обвинителката на СЈО, Катица Јанева лани од Агенцијата за вработување добила пари од програмата за самовработување за – фризерски салон.
Тие наведуваат дека Делиџакова била прва на списокот на селектирани кандидати за самовработување од избраните кандидати од Гевгелија.