Сестра ми работи 15 години во М-НАВ, уште пред да станам министер за надворешни, вели Османи

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека неговата сестра е вработена во М-НАВ од пред 15 години, уште пред тој да биде назначен за министер за надворешни работи. Тој нагласи дека нема никаква улога во нејзиното вработување.

„Таа работи таму од пред 15 години. Тоа е 12 години пред јас за станам министер за надворешни работи. За критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Оваа тема е искористена секои избори во последните 15 години и веќе 15 години јас го давам истото образложение“, рече Османи одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција.

Османи беше назначен за министер за надворешни работи во 2020 година, oд 2017 дo 2020 година беше вицепремиер за европски прашања во Владата на експремиерот Зоран Заев. А пак во 2008 година Османи беше назначен за министер за здравство во владата на Никола Груевски, а на оваа позиција остана до 2011 година.

Поврзани новости