Сестра на пратеник на СДСМ доби работа во основно училиште, вели Арсовски

by fokus

Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле, ова денеска на прес-конференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече Арсовски, сестрата на пратеникот на СДСМ од Неготино, Ристе Ташев, Катерина Јорданова се вработила во Основното Училиште „Страшо Пинџур“.

-Прашуваме, кој е критериумот според кој токму сестрата на пратеникот од СДСМ е вработена, а не некој друг? Сигурни сме дека не била единствена за таму и сигурни сме дека во огласот не пишувало во делот на критериумите – да биде сестра на Ристе Ташев. Нов ден, нов пратеник од СДСМ заглавен во непотизам. Страшно! – рече Арсовски.

Тој потсети дека во Неготино градоначалникот Тони Делков ја вработил сопругата Надица Делкова во Основното Училиште Гоце Делчев, кое е директно под неговите ингеренции.

-Што уште треба да кажеме за Заев и СДСМ да признаат дека јавниот сектор го претворија во семејно-партиска фирма во која се вдомуваат најблиските роднини и тоа за жал на сметка на граѓаните кои остануваат без егзистенција и без можност за вработување и секојдневно тонат во сиромаштија – додаде портпаролот на партијата.

Поврзани новости