Александар Вучиќ има намера да преземе одреден степен на контрола врз Србите во Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора и се обидува да изгради де факто „голема Србија“, која ја посакуваа Слободан Милошевиќ и Добрица Ќосиќ, тоа е српска програма модернизирана за денешниот Балкан, вели професорот Даниел Сервер за „Гласот на Америка“. Според него, резултатот од изборите во Никшиќ е одраз на промените на државно ниво и на замор од ДПС како владејачка партија.
-Луѓето имаат право да сакаат одредени измени, и имаше доволно причини за тоа – обвинувања за корупција и слично. Само посакувам промената да беше во попозитивна, проевропска, прозападна насока, но таа можност не постоеше во Црна Гора. Промената на владата е составен дел на демократијата. Ниту во Црна Гора немаше силно про-суверенистичко и проевропско спротивставување, само просрпско. И луѓето очигледно беа уморни од властите под ДПС и претседателот Ѓукановиќ – рече Сервер.