Сертификатот за вакцинација ќе важи само за целосно вакцинирани

by fokus

Од наредниот месец сертификатот за вакцинација ќе се издава само откако едно лице ќе биде целосно вакцинирано, односно и со двете дози, а не како што е во моментов, кога тој може да се користи и само со една примена доза. Ова го истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Една од мерките, која сигурно ќе се препорача, но исто така ќе оставиме доволно време да помине, е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина тоа ќе прерасне во потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во октомври“, рече Филипче.

 

Поврзани новости