Сертификатот за англиски јазик на д-р Цана е од 2020 година, а д-р Стевановиќ има сертификат издаден во 2015 година

by Fokus

Од Министерството за здравство попладнево преку соопштение ја информираа јавноста дека „еден од формалните законски услови, пропишани во Законот за здравствената заштита, за именување медицински директор на јавна здравствена установа по спроведен јавен конкурс е именуваното лице да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)“.

Ова се однесува за именувањето на д-р Фадил Цана на местото директор на Инфективна клиника, позиција на која до скоро беше д-р Милена Стевановиќ.

„По спроведениот јавен конкурс за медицински директор на јавната здравствена установа Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, на конкурсот се пријавиле двајца кандидати: Милена Стевановиќ и Фадил Цана.

Во конкурсната документација се доставени следните документи од кандидатите во поглед на докажувањето на овој законски услов: за кандидатот Милена Стевановиќ сертификатот за познавање англиски јазик е Cambridge English Level 1 Certificate in ESOL International (Preliminary)* and Council of Europe Level B2 (*refers to the UK National Qualifications Framework) со датум на издавање 03/08/2015, а за кандидатот Фадил Цана сертификатот за познавање англиски јазик е British Council Albania APTIS General – Listening and reading B2 со датум на издавање 18/01/2020.

По завршениот конкурс и спроведената постапка, согласно Законот за здравствената заштита, при именувањето медицински директор по спроведен конкурс во оваа установа, во конкурсната документација се ценети сите формални услови пропишани со Законот за здравствената заштита, вклучително и поседувањето на еден од меѓународно признатите сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години“ стои во соопштението од МЗ.

Поврзани новости